Бели ноќи - Црни трипови

Можеби требаше да добие само позитивни критики, но г-нот Трифун Костовски навистина не се разбира во организација. Некако сите нешта се случуваа во ист термин, некако како 19 часот да беше пресуден за сите нешта. Бодан и Кокан свиреа добро, но премногу кратко. Можеби требаше и воопшто да не свират. Во Музејот на град Скопје имаше бесплатна презентација на сортни вина, но за кого како. Доколку не бевте облечени во сако или костум, чичкото којшто стоеше на масата ќе ви речеше дека мора да праша, ќе отиде во другата просторија, ќе се врати и ќе ви каже дека не може.
Дали некој доби програма? Јас морав да одлепувам од оние кои беа залепени по улиците за да знам каде да одам попрво.
Во МКЦ требаше да има вечер на рок и алтернативни бендови. Но и таму повторно бев заебан. Ниту рок ниту алтернатива. Само некои дечки кои првпат фатија гитара и микрофон во рака, па се замислуваат дека се некој и нешто. Одоние групи што ги проследив, ги познав Нихилист, Лоши Деца, Smut и Dedicated for Life.
Единствено добро беше Што сите продавници работеа до сабајле, па така без проблем морав да си купам некои работи за да си ги лечам траумите од таа вечер. Сепак, шеститки за напорот и се надевам ќе прерасне во добра традиција. Сепак, Скопје не е метропола. Нема метро............

