Како љубител на театарот, од 8 до 14 Септември бев да го проследам 13-то издание на ФКТ Ристо Шишков, кој оваа година за прв пат беше интернационален. Премногу дигање прашина зад себе. Кога се мисли на интернационално, не се мисли само на две претстави надвор од Македонија и тоа од Ш-категорија, а за македонските и да не зборам - веќе одамна во Македонија се прават ретко добри претстави, кои годинава немаа можност да дојдат на овој фестивал. Секоја чест на исклучоците. Оние претстави коишто беа добри, не беа ставени во конкуренција, затоа што не исполнуваат некои критериуми за овој фестивал. Некој треба да го фати господинот Бајруш Мјаку и да му објасни дека како селектор мора да ги погледне сите претстави, без разлика дали се од Македонија или не и да направи соодветна селекција. Но, не е само тој крив. Секоја година е исто, ама богами годинава полошо и не можеше да биде.
Најдоброто нешто од овој фестивал беа шведските маси и бројните бизнисмени во костуми, кои се грабеа за месото како да не јаделе ништо последните неколку години. Секоја чест за овогодинешниот лауреат, Васил Зафирчев, но од најлоши претстави и театарски остварувања , се одбираше помалку лошото.
И секоја година се дига голема прашина за големото име на актерската сцена во Македонија, за доајенот Ристо Шишков, кој додека беше жив не можеше да дозне дека бил толку добар, и како неговата одлична глума е предизвик за секој актер во Македонија. Се најдобро, ама ајде да не бидеме толкави големи полтрони.
Тероризирајте се и вие, па догодина не дај боже случајно да налетате на овој фестивал.